Amazon претстави нови таблети, вклучувајќи три професионални таблети за деца

Објавено на 29.04.2021 во Новости



Amazon претстави нови таблети, вклучувајќи три професионални таблети за деца

Amazon вчера ја претстави новата генерација на таблети од Fire HD серијата за деца, како и целосно нова серија Fire Kids Pro за деца од 6 до 12 години. Новиот Fire HD 10 доаѓа со екран со дијагонала од 10,1 инч, со Full HD резолуција и подобрено осветлување, 3GB RAM + 32GB ROM меморија. Доаѓа со издржлива батерија, која според Amazon може да издржи до 12 часа работа, а неговата цена е само 150 долари.

За 30 долари повеќе е достапен моделот Fire HD 10 Plus со 4GB RAM и поддршка за безжично полнење, за процесорот нема информации, а Amazon вели дека тоа е нивниот „најмоќен таблет досега“. За оние со важна продуктивност, Amazon спремал пакет што вклучува дополнителна тастатура и годишна претплата за Microsoft 365 Personal, така што таблетот Fire може да се користи и како повремена замена за лаптопи.

За најмладите од 3 до 7 години е претставен Fire 10 Kids за 200 долари. Новитет се Pro детските таблети, достапни во три верзии: 7 инчен дисплеј за 99 долари, 8-инчен таблет за 140 долари и 10-инчен таблет за 200 долари. Нивната продажба почнува од 26 мај.