Huawei Audio Lab: просторијата без звук и нејзината улога во развојот на FreeBuds 4i

Објавено на 29.04.2021 во Новости



Huawei Audio Lab: просторијата без звук и нејзината улога во развојот на FreeBuds 4i

Просторијата се користеше за собирање аудио податоци од екстремно прецизни акустични тестови

TWS (True Wireless Stereo) слушалките се оние модели кои ви овозможуваат слободно да слушате и комуницирате без да бидете ограничени со кабли. Следното ниво на удобност го носи технологијата за активно намалување на бучавата (ANC), благодарение на која можете да се препуштите во светот на музиката потполно непречено дури и во бучна околина. Во 2020 година, Huawei ги претстави првите интелигентни слушалки за намалување на динамиката на бучава од ваков вид - HUAWEI FreeBuds Pro, со што TWS искуството се искачи на следно ниво, а неодамна компанијата ги претстави совршено балансираните слушалки FreeBuds 4i - TWS слушалки со активно намалување на бучавата по предложена малопродажна цена од 4.499 денари.

Интересен дел од нивниот развој се одвиваше во просторија без звук во аудио лабораторијата на Huawei. Просторијата се користише за собирање аудио податоци од екстремно прецизни акустични тестови. Во суштина, ова е просторија што го апсорбира одразот на звукот внатре, како и оној од надворешната средина и ја обезбедува потребната средина за симулација на тестирање и проверка на параметрите на звучните бранови.

Звучно изолираната просторија на Huawei се наоѓа под земја за да се обезбеди најтивко опкружување. Дебелите sидови и пригушувачи поставени во цевките за вентилација го спречуваат продирањето на надворешен шум.