Apple дури во 2023 година ќе го лансира iPhone X Fold

Објавено на 03.05.2021 во Новости



Apple дури во 2023 година ќе го лансира iPhone X Fold

Apple многу конзервативно ќе одлучува за иновација во дизајнот на iPhone моделите. Според информациите со кои располага аналитичарот Минг Чи Ку првиот iPhone X Fold би бил лансиран дури во 2023 година.

Apple нема да се брза со лансирање на смартфон на преклоп со флексибилен екран и да се натпреварува со Samsung и Huawei.

Компанијата од Купертино прво ќе чека да види дали корисниците ќе ги прифатат новите форми на преклопни екрани и потоа ќе одлучи колку ќе инвестира во производството на iPhone X Fold.

Автор: Aleksandar Stankov