Четворица астронаути безбедно слетаа на Земјата со Crew Dragon

Објавено на 04.05.2021 во Новости



Четворица астронаути безбедно слетаа на Земјата со Crew Dragon

Тројца Американци и еден Јапонец ја напуштија Меѓународната вселенска станица ISS, со помош на капсулата на компанијата SpaceX - Crew Dragon. После 160 дена поминати во вселената, четворицата астронаути безбедно се спуштиле во морето во близина на Флорида.

Патувањето од ISS кон Земјата траело околу 6,5 часа со Crew Dragon. Американците Мајкл Хопкинс, Виктор Гловер, Шенон Вокер, заедно со Јапонецот Соичи Ногучи, во ноември 2020 година, беа први астронаути на оперативна мисија, превезени до вселената од компанијата на Илон Маск.