Банкоматите ќе се надградат со технологија за препознавање на лице

Објавено на 04.05.2021 во Новости



Банкоматите ќе се надградат со технологија за препознавање на лице

Банките имаат пад од 20% во побарувачката на готовина поради пандемијата со коронавирусот. Поради таа причина во Германија беа исклучени банкомати, што значи дека е намалена и побарувачката за потрошувачки кредити, како и незаконски пречекорувања на тековните сметки. 

Заклучокот е тоа што населението ги троши парите внимателно. Животот со готовина се уште постои, иако книжните пари сè повеќе се заменуваат со картички и мобилни дигитални пари. Се очекува во блиска иднина дека нема да имате потреба од картичка за банкомат и ќе биде потребно само да застанете пред банкоматот за да извадите готовина, наместо да го допирате непотребно или да внесувате картичка во автоматот.

Банкомати со технологија за препознавање на лице веќе се употребуваат во Кина и Шпанија. Се разбира, таквите напредни банкомати се опремени со безбедносни опции за спречување на измама и употреба на фотографија, видео или маска за потврда на идентитет. Сепак ќе треба да се внесе само вашиот идентификациски број.