Двојно зголемена продажбата на таблети, пазарот под притисок од коронавирусот

Објавено на 04.05.2021 во Новости



Двојно зголемена продажбата на таблети, пазарот под притисок од коронавирусот

Првиот квартал на 2021 година беше фантастичен за пазарот на таблети. Бројот на испорачани уреди за малку ќе достигнеше цифра од 40 милиони, конкретно се испорачани 39,9 милиони таблети. Во првите три месеци од 2020 година, беа испорачани 25,7 милиони уреди.

Тоа значи дека речиси двојно е зголемена побарувачката за таблети. Се разбира, овие цифри се земаат со доза на резерва, со оглед на тоа што луѓето беа повеќе дома и во приватниот и во професионалниот живот. За таблети се очекува да продолжи трендот за зголемена побарувачка, вели аналитичарката Ануропа Натарај од IDC.

Во првите три месеци iPad бил со 31,7% од пазарната побарувачка, потоа Samsung со 20% пазарна побарувачка, а уделот на останатите компании бил 10%. Lenovo бил со 9,4%, а Amazon со 8,7%.

Автор: Aleksandar Stankov