Новиот директор на Intel е убеден дека недостатокот на чипови ќе трае

Објавено на 04.05.2021 во Новости



Новиот директор на Intel е убеден дека недостатокот на чипови ќе трае

Новиот извршен директор на Intel, Пет Гелсингер, тврди дека проблемот со недостаток на чипови ќе трае уште неколку години. Затоа мора да се најдат алтернативни решенија. Мора да се најде поефикасно производство на уште поефикасни чипови.

Пандемијата започна во Кина и се прошири низ цел свет, што влијаеше многу врз производството на чипови, а истовремено се зголеми побарувачката за цела низа електронски производи што функционираат со чипови. Дури и Apple најави дека поради недостаток на чипови може да го намали производството на iPad и Mac. Така некои компании и од автомобилската индустрија мораа да го намалат или да го стопираат производството.

Затоа Volkswagen почна да размислува за свои чипови, кои првенствено наоѓаат примена кај автопилотите во електричните возила. Се разбира, Volkswagen само ќе ги дизајнира своите чипови, додека самото производство и понатаму ќе биде во рацете на трети страни. 





Прочитајте повеќе: