Следниот Apple Watch 7 ќе чита гликоза и алкохол во крвта

Објавено на 05.05.2021 во Новости



Следниот Apple Watch 7 ќе чита гликоза и алкохол во крвта

Apple Watch е денес најпопуларниот смарт часовник на светот, а со секоја следна генерација имате се повеќе опции. Компанијата става акцент на следењето на здравствените параметри: класично мерење на отчукувања на срцето, известувања за падови, EKG и мерење на заситеност на крвта со кислород. Следните генерации на Apple Watch би можеле да ги добијат новите опции што би можеле да бидат исклучително популарни кај сопствениците на тие уреди.

Apple се уште нема официјално изјавено ништо, но она што би можеле да го очекуваме од Apple Watch 7 е мерење на гликоза во крвта и количина на алкохол во крвта. Тоа е откриено благодарение на британскиот стартап Rockley Photonics, кој развива сензори, кои преку неинвазивен метод (инфрацрвени мерења преку кожата) ја следат вредноста на гликозата во крвта, други параметри како што е крвен притисок и ќе биде интересно да се мери и алкохолот во крвта. 





Прочитајте повеќе: