SpaceX е спремен за нови рекорди со Crew Dragon

Објавено на 05.05.2021 во Новости



SpaceX е спремен за нови рекорди со Crew Dragon

SpaceX со својот Crew-1 во мисијата постави нов рекорд во издржувањето на долгата мисија. НАСА потврди дека Crew-1 постави нов рекорд, чиј екипаж се врати од Меѓународната вселенска станица ISS. 

Мисијата на Crew Dragon со капсулата Resilience во орбитата траела 168 дена, а на Земјата се врати во текот на викендот, слетувајќи во морето близу крајбрежјето на Флорида. Претходниот рекорд беше поставен во февруари 1974 година, од екипажот на Skylab, чија мисија траела 84 дена. НАСА истакнува дека истовремено станува збор за првото ноќно слетување на американското вселенско летало од слетувањето на Apollo 8 во океанот, во декември, 1968 година.
 





Прочитајте повеќе: