Apple ќе претставил преклопен iPhone во 2023!?

Објавено на 05.05.2021 во Новости



Apple ќе претставил преклопен iPhone во 2023!?

Аналитичарот Минг-Чи Куо е убеден дека ќе се избрише границата меѓу смартфоните и таблетите со текот на времето, а тоа ќе биде мостот што ќе ги избрише границите и меѓу овие уреди и лаптопите, благодарение на преклопните уреди. Во оваа ситуација најголем победник би бил Apple.

Apple не спомнува преклопен iPhone, но податоците до кои што дошол Куо преку своите извори од мобилната индустрија, велат дека Apple ќе претстави таков смартфон во 2023 година. За развој на таквиот екран ќе соработува со својот најголем ривал и партнер, Samsung, кој ќе биде задолжен за производство на флексибилни екрани.Амбициите на Apple се прилично високи и се очекува во текот на 2023 година да испорача од 15 до 20 милиони преклопни iPhone-и. 

Автор: Aleksandar Stankov