После прекинувањето на преговорите со Microsoft, Discord договори соработка со Sony

Објавено на 05.05.2021 во Новости



После прекинувањето на преговорите со Microsoft, Discord договори соработка со Sony

Аквизицијата на Microsoft се очекуваше од претходно, која ќе тежеше 10 милијарда долари. Изгледаше дека Microsoft сигурно ќе го преземе Discord. Ова е платформа што овозможува текстуална, гласовна и видео комуникација, поради што Discord е еден од најголемите ривали на Clubhouse.

Работата е веќе готова, но Discord сепак не беше купен од Microsoft, затоа што си продолжи по својот пат. Размислувањето на сопствениците било во насока на излегување на берзата. Причината за прекинувањето на преговорите со Microsoft не се познати, но се покажало дека Discord истовремено разговарал и со Sony. Јапонската компанија инвестирала помал износ во Discord, постигнале договор за интеграција за комуникациската платформа во PlayStation Network.