Пронајдени се опасни безбедносни пропусти во софтверот за iPhone и iPad

Објавено на 06.05.2021 во iOs



Пронајдени се опасни безбедносни пропусти во софтверот за iPhone и iPad

Последната верзија на iOS за iPhone и iPad требаше да ја подобри приватноста и безбедноста на корисниците. Наместо тоа, новиот софтвер на Apple доаѓа со опасен безбедносен пропуст со кој што хакерите можеле да пристапат кон податоците од телефонот, а можеби и целосно да преземат контрола над уредите.

Станува збор за zero-day пропусти, кои што се сметаат за најопасни, затоа што порано не биле откриени. Кога хакерите ќе ја откријат дотогаш непрепознатливата ранливост во софтверот, може да ја искористат без знаење на производителот на тој уред. Apple брзо реагирал после откривањето за пропустот и така оваа недела е објавена нова надградба за iOS, со која се поправени пропустите.