Ќе дозволи ли Facebook да се врати Доналд Трамп

Објавено на 06.05.2021 во Новости



Ќе дозволи ли Facebook да се врати Доналд Трамп

Независното контролно тело на Facebook во среда одлучува дали поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе го врати пристапот кон платформата што би можело да биде преседан на кој социјалните мрежи ќе се повикуваат во постапката според содржината што ја објавуваат светските лидери таму.

Пресудата се очекува во среда попладне, а тоа ќе биде многу важен момент за таканаречен врховен суд на Facebook, кој го формирал основачот на мрежата, Марк Цукерберг. Ова тело одлучува за чувствителни прашања, односно што е дозволено, а што треба да биде отстрането од мрежата. Одлуките на надзорното тело има обрзувачки одлуки, за кои нема право на жалба и во тоа лежи целата важност за пресудата. 

Автор: Aleksandar Stankov