Кинеската ракета паѓа без контрола, а Пентагон не планира да ја уништи

Објавено на 07.05.2021 во Новости



Кинеската ракета паѓа без контрола, а Пентагон не планира да ја уништи

Челникот на Пентагон, Лојд Остин, изјави дека нема да ја уништи кинеската ракета што овој викенд би требало неконтролирано да се врати во атмосферата, индиректно критикувајќи го Пекинг поради губењето на контролата.

„Според последните проценки што ги видов, планирано е враќање на 8 или 9 мај. Засега не планираме да ја уништиме ракетата. Се надеваме дека ќе падне некаде каде што никому нема да наштети, во океанот или на некое такво место“, изјавил американскиот Министер за одбрана.

Кина минатата недела со помош на ракетата Долг марш 5B го лансираше едниот модул од три вкупно, од својата вселенска станица на CSS. Ракетата овие денови треба да се спушти на Земјата, но никој не знае каде.