Twitter затвори неколку профили што го поддржуваа Доналд Трамп

Објавено на 07.05.2021 во Новости



Twitter затвори неколку профили што го поддржуваа Доналд Трамп

Twitter неделава затвори неколку профили, чија намера е да ги пренесува пораките на поранешниот претседател Доналд Трамп, кој во јануари засекогаш беше исфрлен од неговата омилена платформа. 

Социјалната мрежа во четвртокот потврди дека интервенирала против профилот после написите во американските медиуми за тие профили што преземале објави од блогот на републиканскиот милијардер под името "From the desk of Donald Trump". Поранешниот претседател беше протеран од Twitter поради поттикнување на своите приврзаници за упад на Капитол, додека на 6 јануари се одржа седницата на која требаше да се потврди победата на Џо Бајден на изборите.