Google најави двостепенска автентификација на Gmail
Објавено на 07.05.2021 во Новости
Самите лозинки ќе станат минато, најавуваат од Google, за начинот на кој што корисниците ќе се најавуваат на нивните сервиси. Токму лозинките се најголемата закана за корисниците, кои тешко се памтат, а лесно се крадат.
Google најави дека ќе воведе двостепенска автентификација за најава на профилите. Прво се внесува лозинка, а потоа ви стигнува код на вашиот мобилен телефон, кој мора да го внесете за да се најавите на Gmail или некој друг Google сервис.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.