Гувернерот на Велика Британија за криптовалутите: Бидете спремни да ги изгубите сите пари

Објавено на 08.05.2021 во Новости



Гувернерот на Велика Британија за криптовалутите: Бидете спремни да ги изгубите сите пари

Како што вредноста на криптовалутите може неколку пати да порасне и да донесе голема заработка, така може и брзо да падне и да ги одведе вложувачите во голем минус. За криптовалутите и опасностите од тргувањето, зборувал гувернерот на британската централна банка, Ендру Бејли. 

Тој вели дека криптовалутите немаат суштинска вредност и советуваат нивно купување само ако сте спремни да ги изгубите сите ваши пари. Било каква инвестиција во криптовалутите вклучува голем ризик и сите инвеститори треба да бидат спремни за губење на своите пари што ги вложува во нив. Инвеститорите во Биткоин нема да се согласат со ова, со оглед на тоа што годинава Биткоин порасна за 90% и достигна 60 илјади долари вредност, иако моментално падна и изнесува 56 илјади долари.