Што открива првиот сертификат за Samsung Galaxy Z Flip 3?

Објавено на 08.05.2021 во Новости



Што открива првиот сертификат за Samsung Galaxy Z Flip 3?

Samsung Mobile го доби првиот сертификат за претстојниот смартфон на преклоп Samsung Galaxy Z Flip 3. Преку кинеската агенција 3C за комуникации се открива дека Samsung Galaxy Z Flip 3 ќе има брзина на полнење од 15W со стандарден полнач на кабел.

За Samsung Galaxy Z Flip 3 исто така е познато дека ќе располага со осум-јадрен Snapdragon 888 процесор, како и дека неговата цена ќе биде нешто пониска во однос на претходните модели.

Се очекува официјално Samsung Galaxy Z Flip 3 да биде претставен во текот на јули.

Автор: Aleksandar Stankov