Xiaomi ќе лансира ултра моќен Mi Pad 5 таблет

Објавено на 08.05.2021 во Новости



Xiaomi ќе лансира ултра моќен Mi Pad 5 таблет

Xiaomi во текот на јули планира да го лансира новиот ултра моќен таблет Mi Pad 5 таблет кој ќе има батерија со рекорден капацитет од 8500 mAh.

Xiaomi Mi Pad 5 според добиениот сертификат исто така ќе понуди 2K HD дисплеј со стапка на освежување на сликата од 120 Hz.

Таблетот на задната страна ќе има тројна главна камера како и селфи камера, а се очекува да работи со осум-јадрен Snapdragon 870 процесор.