Microsoft ќе ги менува иконите останати од Windows 95

Објавено на 08.05.2021 во Новости



Microsoft ќе ги менува иконите останати од Windows 95

Microsoft по повеќе од 15 години се зафати да ги менува иконите кои се остаток од ерата на Windows 95, а повеќето од нив означуваат технологии кои реално не се користат повеќе од една деценија.

Интересно е што стилот кој ќе пристигне со Sun Valley надградбата на Windows 10 иако изгледа модерно, сепак самите симболи на иконите наликуваат како да се од 80-те години според дизајнот.

Големи промени ќе претрпат иконите кои се дел од File Explorer и Start менито како и иконите за флопи дискови, технологија која најверојатно помладите генерации не ни знаат дека постоела. 





Прочитајте повеќе: