Неверојатно добри рендери со Galaxy Z Fold 3 и Flip 3

Објавено на 09.05.2021 во Новости



Неверојатно добри рендери со Galaxy Z Fold 3 и Flip 3

Онлајн се објавени концепт дизајните на Galaxy Z Fold 3 и Flip 3, изработени од LetsGoDigital. Од предната страна, Galaxy Z Fold 3 не изгледа многу различно од моменталниот модел, но има големи промени во спецификациите, чиј дисплеј ќе биде 7.55-инчи во расклопена, односно целосна големина.

Оригиналниот Galaxy Fold имаше засеко кај Fold 2, додека Fold 3 се очекува да има камера вградена под дисплејот, што ќе биде прв таков уред на Samsung, со оглед на тоа што сите селфи камери досега се со punch hole. 

Ако Galaxy Z Fold 3 ви е преголем смартфон, тогаш Galaxy Z Flip 3 би можел да биде совршениот преклопен смартфон за вас, кој ќе биде со 6.7-инчен дисплеј и 120Hz стпака на освежување. 

Galaxy Z Fold 3 и Z Flip 3 се очекуваат да излезат на Unpacked евентот во јули, додека цените се уште остануваат непознати.