Фотографии од новиот Sony Xperia 1 III

Објавено на 10.05.2021 во Новости



Фотографии од новиот Sony Xperia 1 III

Sony го откри минатиот месец новиот модел Xperia 1 III, кој ги има првите телефото перископски леќи со варијабилен фокус, како опонент на фиксниот фокус. Оваа е технологијата што типстерот Ice Universe вели дека Samsung ќе ја вклучи во Galaxy S22 Ultra следната година. 

Има четири фокусни должини достапни за фотографии и видеа: 16mm, 24mm, 70mm и 105mm. Со цел да се долови квалитетот на сликите, ликстерот ZACKBUKS објавил неколку слики на Weibo во кои тврди дека сликите се примероци од задната камера на Xperia 1 III. Инаку, Xperia 1 III располага со 6.5-инчен 4K HDR OLED панел и 21:9 сооднос, перфектен за стриминг. Задната камера има три сензори и Time-of-Flight (ToF) сензор.