Honor 50 се појави со интересна камера поделена во два прстени

Објавено на 10.05.2021 во Новости



Honor 50 се појави со интересна камера поделена во два прстени

Honor во текот на јуни ќе го претстави новиот премиум смартфон Honor 50 за кој се очекува да понуди врвен хардвер, елегантен дизајн и повеќе новитети во перформансите и софтверот.

Honor 50 за прв пат се појави со неофицијален рендер од кој се открива дека смартфонот ќе има интересна главна камера на задната страна поделена во два прстени. Во првиот ќе се наоѓа примарниот сензор, додека пак во вториот прстен ќе има два сензора и тоа перископ и ултра широка леќа.

Pro моделот на Honor 50 ќе биде засилен и со телефото леќа за висок степен на зумирање на сликите и видеата, па ќе биде интересно да се следи како овој сетап на камери ќе функционира и какви резултати ќе испорача.