Илон Маск не се шегува, навистина ќе лансира криптовалута на Месечината

Објавено на 10.05.2021 во Новости



Илон Маск не се шегува, навистина ќе лансира криптовалута на Месечината

SpaceX ќе го лансира сателитот Doge-1 на Месечината, кој ќе биде наменет за собирање на „лунарно-просторни податоци“, користејќи камери и сензори. Сателитот во Месечевата орбита го испраќа компанијата Geometric Energy Corporation (GEC), а во вселената би требао да се вивне со ракетата Falcon 9 во првиот квартал на 2022 година.

SpaceX ќе стави вистински dogecoin буквално на Месечината, изјави Маск уште на 1 април на Twitter, но никогаш тоа никој не го сфати сериозно. Нешто повеќе од месец дена подоцна, Маск повторно преку Twitter обзнани на SpaceX на Месечината дека го испраќа сателитот DOGE-1. „SpaceX го лансира сателитот DOGE-1 на Месечината следната година. Мисијата е платена во Doge. Тоа е првата криптовалута во вселената. Тоа е првото меме во вселената. На Месечинатааааа!!“, вели Маск.

Автор: Aleksandar Stankov