Xiaomi се спаси од црната листа на САД

Објавено на 12.05.2021 во Новости



Xiaomi се спаси од црната листа на САД

Xiaomi има причини за славење бидејќи повеќе нема да биде дел од црната листа на компании на американската влада, одлука која претходно ја воведе поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Xiaomi заедно со американскиот Департмент за одбрана постигнаа согласност да ја прекинат постапката која се водеше пред суд. На тој начин се отстранува етикетата „Кинеска комунистичка воена компанија“. 

Со оваа одлука американските компании и поединци ќе може да соработуваат со Xiaomi, да тргуваат и да склучуваат договори.