iPad Pro 2021 уште не влезен во продажба гази на бенчмарк тестови

Објавено на 13.05.2021 во Новости



iPad Pro 2021 уште не влезен во продажба гази на бенчмарк тестови

iPad Pro 2021 со големина од 12 инчи ќе биде еден од најмоќните таблети оваа година чии перформанси практично може да се мерат со лаптопите на Windows кои располагаат со најнапредните процесори на Intel и AMD.

Такви перформанси покажа iPad Pro 2021 на бенчмарк тестовите благодарение на новиот М1 процесор кој е драстично подобар од претходните генерации и е целосно оптимизиран за работата на таблет кој добива речиси ефикасност на лаптоп или десктоп компјутер.

iPad Pro 2021 ќе биде лансиран најверојатно во текот на јуни со две големини на екранот од 12 и 10 инчи и го нив ќе бидат имплементирани нови технологии кои претходно можевме да ги видиме и кај iPhone 12 Pro.

Автор: Aleksandar Stankov