Нови слики од безжичните слушалки Sony XM4 откриваат многу детали

Објавено на 13.05.2021 во Новости



Нови слики од безжичните слушалки Sony XM4 откриваат многу детали

Sony Mobile подготвува нов модел на безжични слушалки кои засега се именувани како Sony WF-1000XM4 или скратено Sony XM4 и предвидено е да бидат целосно подобрени во однос на ланскиот модел.

Според сликите кои се објавени од Sony XM4 се открива дека безжичните слушалки ќе имаат бела и црна боја, ќе бидат многу компактни и лесни за употреба, врвовите ќе може да се менуваат, а ќе понудат и батерија со капацитет од 140 mAh што ветува долготрајна употреба од барем 10 активни часа.

Sony XM4 ќе се полнат безжично внатре во куќиштето, а исто така се очекува да понудат активно блокирање на надворешна бучава (ANC).