Nokia се враќа на старо, сака нивните телефони да бидат најиздржливи со батеријата

Објавено на 13.05.2021 во Новости



Nokia се враќа на старо, сака нивните телефони да бидат најиздржливи со батеријата

HMD Global на почетокот на април претстави шест нови Nokia смартфони, што значи дека компанијата навистина напредува. 

При средбата со новинарите, генералниот директор на DACH и HMD global, Ерик Метјуз, изјавил дека желбата им е на едно место да имаат да понудат комплетна услуга за бизнис корисниците, а притоа да не ги игнорираат и желбите на приватните корисници. 

Метјуз истакнал дека три нешта ќе бидат најважни за следните Nokia уреди: долготрајност на батеријата, безбедност и употребливост на телефонот, односно надградување со најновите софтвери. HMD Global има дефинитивно амбициозни планови со Nokia, а корисниците го препознаваат тоа.