Volkswagen летово почнува со тестирање сервис за автономно возење

Објавено на 13.05.2021 во Новости



Volkswagen летово почнува со тестирање сервис за автономно возење

Пред две години Volkswagen и Ford склучија договор за соработка за автономните возила, при што вложија над 3,6 милијарди долари во стартап компанијата Argo AI. Таа компанија е задолжена за автономно возење и неодамна објавија дека постигнале голем напредок со развојотна лидар, кој сега може да препознава предмети на поголема оддалеченост и темни предмети и мали животни во движење.

Директорите на Volkswagen и Argo AI неделава на конференцијата за медиуми објавија некои нови детали околу плановите за развој на автономни возила кои првобитно било објавено уште порано. Германската компанија до 2025 година сака да отвори комерцијален сервис за достава и превоз, кој ќе се базира на нивните електрични возила ID Buzz и ќе биде целосно автономен. Автономниот ID Buzz нема да биде под брендот на Volkswagen, туку ќе се нарекува Moia.

Автор: Aleksandar Stankov