Илон Маск се "мајтапи" со биткоинот, ама страдаат и акциите на Tesla

Објавено на 13.05.2021 во Новости



Илон Маск се "мајтапи" со биткоинот, ама страдаат и акциите на Tesla

Илон Маск се освести дека биткоинот како криптовалута има штетно влијание врз животната средина и климатските промени бидејќи за негово "копање" се користи огромна количина на електрична енергија од фосилни горива.

Маск исто така посочи дека иако имаше првична замисла до крајот на годината да се купуваат електрични возила со биткоин, Tesla нема да прифаќа плаќање со криптовалути.

Ако пред еден месец изјавите и твитовите на Маск придонесоа вредноста на биткоинот да достигне рекорди, сега повторно паѓа интересот на светските берзи со загуба од 14%. 

Бидејќи Tesla вложи неодамна 1 милијарда долари во криптовалути, исто така и вредноста на акциите на компанијата е во пад.