Виталик Бутерин, донирал 50 милијарди токени за Индија

Објавено на 14.05.2021 во Новости



Виталик Бутерин, донирал 50 милијарди токени за Индија

Коосновачот на Ethereum криптовалутата, Виталик Бутерин, пред две недели стана најмладиот познат крипто-милијардер во светот. Тој сега донирал над 1 милијарда долари во фондот за помош на Индија за полесно справување со КОВИД кризата. 

Инаку, Ethereum моментално е втората најмоќна криптовалута, веднаш после Bitcoin, која функционира под блокчејн платформата Ethereum. Моментално оваа криптовалута е со вредност помала од 4 илјади долари, но со рекордот минатата недела беше надмината цифрата од 4 илјади. Виталик Бутерин стана милијардер на 27 годишна возраст.

Тој донираше 50 милијарди SHIB токени во вредност од 1,2 милијарди долари на Фондот за помош на Индија во справувањето со КОВИД, додека во април донирал околу 600.000 долари на организацијата во форма на Ether и токени (МКР).