Бројот на крипто инвеститори двојно ќе се зголеми во следните 12 месеци

Објавено на 14.05.2021 во Новости



Бројот на крипто инвеститори двојно ќе се зголеми во следните 12 месеци

Гувернерот на британската банка неодамна изјави дека сите крипто инвеститори мора да бидат спремни да ги изгубат сите пари што ги вложиле. Вредноста на криптовалутите се менува од ден на ден и тоа може да биде драстично.

Таа не може да се предвиди, затоа што многу фактори влијаат на падот на вредноста или растот. На пример, кога Илон Маск изјави дека Tesla веќе нема да прифаќа Bitcoin за купување на автомобили, цената на 1 Bitcoin вртоглаво падна за 7 илјади долари. Тоа кажува многу за нестабилноста на криптовалутите.

Сепак, спроведените истражувања на криптоменувачницата Gemini покажува дека се поголем број луѓе во иднина планираат да вложат дел од својот имот во криптовалутите. Во следните 10 месеци, околу 13% од возрасните Американци планираат да инвестираат во дигитални валути како што се Bitcoin и Ethereum. Тоа е еднакво на 19,3 милиони луѓе. 

Автор: Aleksandar Stankov