Историски ден за Кина: Леталото Tianwen-1 успешно слета без екипаж на Марс

Објавено на 15.05.2021 во Новости



Историски ден за Кина: Леталото Tianwen-1 успешно слета без екипаж на Марс

Кинеското вселенско летало успешно слетало на површината на Марс во сабота, извести државната новинска агенција Xinhua, со што Кина стана втората држава после САД која што слета на Црвената планета. Вселенското летало Tianwen-1 (Небесно прашање) слетало на јужниот дел на голема рамнина позната под името Utopia Planitia, со тоа што ја „остави својата кинеска трага за прв пат на Марс“, вели агенцијата. 

Tianwen-1 тежи пет тони и лансирано е до јужниот кинески остров Hainan минатата година и после 6 месеци патување, во февруари стигна до Црвената планета, каде оттогаш беше во орбитата. Роверот на соларен погон Zhurong, располага со шест научќни инструменти, вклучувајќи топографска камера со висока резолуција, сега ќе ја проучува површината на тлото и атмосферата на планетата. 

Zhurong се нарекува кинескиот бог на ветрот, кој ќе бара знаци на живот, вклучувајќи ја и било која подземна вода и мраз, со помош на земјиниот радар. 

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: