Радикални промени со дизајнот на Pixel 6 и Pixel 6 Pro

Објавено на 15.05.2021 во Новости



Радикални промени со дизајнот на Pixel 6 и Pixel 6 Pro

Експертите сметаат дека Google ќе започне со производство на сопствени чипови, откако директорот на Alphabet, Сундар Пичаи, изјави дека ќе има поголеми вложувања во хардверот. Многу аналитичари тоа го сфатија како доказ дека Google тргнува по стапките на Apple и го спрема сопствениот чипсет за своите телефони, а можеби и компјутерите Chromebook. 

Првиот чип се очекува да се нарекува Whitechapel, кој ќе биде изработен во соработка со Samsung. Со овие чипови би требало да работат следните Google Pixel телефони, чие лансирање го очекуваме оваа година. Објавени се рендери од Џон Просер за новиот телефон на Google, кои се базираат на Pixel 6. Новите Pixel 6 и Pixel 6 Pro ќе имаат поголеми екрани.





Прочитајте повеќе: