Обидот Маск да биде комичен го чинеше 20 милијарди долари

Објавено на 15.05.2021 во Новости



Обидот Маск да биде комичен го чинеше 20 милијарди долари

Јавните настапи на Илон Маск нанесуваат се поголема штета врз компанијата Tesla, и неговиот последен обид да биде комичен како гостин на шоуто Saturday Night Live го чинеше 20 милијарди долари.

Проблемот со Маск не е толку неговата ексцентричност туку коментарите поврзани со валидноста на криптовалутите. Тој повторно даде лоши оценки за Bitcoin и Dogecoin, па така освен што паѓа нивната вредност, пари губи и Tesla Motors на берзата.

Цената на акциите на Tesla паднаа за 15% во текот на изминатата недела што предизвика и богатството на Маск од 165 милијарди долари да се спушти на 145.