Instagram наскоро би можел да воведе ракување од компјутер

Објавено на 16.05.2021 во Новости



Instagram наскоро би можел да воведе ракување од компјутер

Instagram корисниците нема ниту да ја забележат оваа новост на своите смартфони. Од самите почетоци Instagram не им дозволуваше на корисниците да објавуваат на својот профил преку компјутерот, туку исклучиво преку смартфоните. 

Девелоперот Алесандро Палуци открива дека Instagram работи на опција со цел да овозможи креирање и објавување на фотографии и видеа директно од компјутер.

Според скриншотовите што ги објави на својот профил на Twitter, објавувањето на компјутер нема многу да се разликува од објавувањето преку апликацијата.

Корисниците би требало да ги поседуваат истите можности како на смартфоните. Сепак, се уште не е ништо официјално дали Instagram со сигурност ќе го дозволи тоа.