Fulminea е најмоќниот електричен автомобил кој ќе ја збрише спортската конкуренција

Објавено на 16.05.2021 во Новости



Fulminea е најмоќниот електричен автомобил кој ќе ја збрише спортската конкуренција

Италијанскиот уникатен производител Estrema ги претстави најмоќниот електричен спортски автомобил Fulminea кој има моќност од над 2000 коњски сили напојуван од иновативна батерија со моќност од 100 kWh.

Fulminea располага со четири мотори на електричен погон кои му ја даваат целата полетност, додека пак батеријата која тежи 300 килограми со едно полнење би требало да издржи над 500 километри вожња. Исто така автомобилот се полни до 80% за само 15 минути.

Според најавите на Estrema овој електричен ѕвер за 2 секунди ќе развие брзина од 100 километри на час, а за помалку од 10 секунди ќе ја достигне максималната нрзи од 320 km/h.

Како специфичен спортски електричен автомобил Fulminea ќе се продава за цена од 2 милиони долари, ќе биде произведен во 61 примерок, а ќе биде достапен од 2023 година.