Leica размислува за крај на партнерството со Huawei?

Објавено на 16.05.2021 во Новости



Leica размислува за крај на партнерството со Huawei?

Се повеќе се пренесуваат наводни информации дека Leica размислува да стави крај на партнерството со Huawei и да склучи нов договор за ексклузивност со друг производител на смартфони.

Наводно во игра се Xiaomi и Oppo како брендови кои би имале можност да добијат ексклузивни леќи за камерите на нивните смартфони.

Исто така постои можност за соработка со повеќе брендови истовремено како што во минатото Leica правеше со Nokia Lumia и Sony Xperia.

Главната причина поради која Leica би го завршила договорот со Huawei се санкциите со кои се соочува кинеската компанија и бројните ограничувања.

Претходно Huawei демантираше дека ова партнерство ќе биде прекинато, но со неизвесноста околу Huawei P50 серијата засега сите опции се во игра.