Како новиот Face ID ќе се одрази на дизајнот на iPhone 13?

Објавено на 17.05.2021 во Новости



Како новиот Face ID ќе се одрази на дизајнот на iPhone 13?

Apple планира да употреби нов Face ID VCSEL сензор кој ќе биде за околу 40% помал во површина од претходно што може позитивно да се одрази и врз целокупниот дизајн на iPhone 13 и сите следни модели.

Првата видлива промена во однос на претходните смартфони кај iPhone 13 би ја виделе во помалиот засек на врвот на екранот со што поголем простор ќе биде резервиран за видното поле.

iPhone 13 ќе располага со LTPO AMOLED дисплеј со стапка на освежување на сликата од 120 Hz што особено ќе им се допадне на гејмерите, но и воопшто на сите корисници. 

Засекот и покрај новиот VCSEL сензор за 3D мапирање на лицето нема да премногу стеснет бидејќи тука се наоѓаат и други компоненти како вградената селфи камера и помошни сензори.

 





Прочитајте повеќе: