McLaren и Richard Mille изработија часовник вреден 820 илјади евра

Објавено на 17.05.2021 во Новости



 McLaren и Richard Mille изработија часовник вреден 820 илјади евра

Производителот на луксузни часовници McLaren и производителот на часовници, Richard Mille, склучија договор за соработка и го лансираа новиот луксузен часовник со вредност од 1 милион долари. Моделот RM 40-01 Automatic Turbilon McLaren Speedtail има дизајн инспириран од моделот McLaren Speedtail.

„Кога станува збор за RM 40-01, земавме во предвид некои од карактеристичните спецификации на автомобилот и филозофијата што ја претставува. Часовникот има многу слични детали како Speedtail, кога станува збор за неговиот неверојатен дизајн и материјалите”, вели Роб Мелвил, директорот за дизајн на McLaren.

„Часовникот има високо ниво на завршна обработка, што е некогаш направена во Richard Mille. Посветено е многу внимание на деталите, а самото куќиште е направено од 69 делови”, изјави техничкиот директор на компанијата, Richard Mille.

Само 106 примероци на RM 40-01 се произведени во цел свет.