Android 12 ќе има големи измени во интерфејсот

Објавено на 17.05.2021 во Новости



Android 12 ќе има големи измени во интерфејсот

Google наскоро ќе ја одржи годишната конференција за девелопери на која како главен фокус ќе биде ставен новиот интерфејс на оперативниот систем Android 12.

Според првичните информации не очекуваат големи измени во иконите, копчињата, анимациите, приказот на нотификации и Android 12 ќе има обновен визуелен идентитет.

Исто така од функционален аспект ќе има подобрување на безбедноста и заштита на приватноста на корисниците, како и подобра интеграција на различни Android уреди.