Новиот Huawei Watch 3 ќе се грижи целосно за вашето здравје

Објавено на 17.05.2021 во Новости



Новиот Huawei Watch 3 ќе се грижи целосно за вашето здравје

Huawei во втората половина на годинава планира да го лансира новиот смарт часовник Huawei Watch 3 кој целосно ќе се грижи за здравјето на корисниците преку различни сензори за што во Кина веќе доби соодветни медицински сертификати.

Huawei Watch 3 ќе има вграден ЕКГ сензор кој ќе ја следи работата на срцето и крвниот притисок и ќе може да го предупредува корисникот ако дојде до ризик од срцеви аномалии кои треба веднаш да се третираат во болница или во најмала рака да се консултира лекар.

Huawei Watch 3 најверојатно ќе биде лансиран истовремено како и новата премиум серија на смартфони Huawei P50.