Xiaomi работи на модуларен телефон и внатрешна поп-ап камера

Објавено на 18.05.2021 во Новости



Xiaomi работи на модуларен телефон и внатрешна поп-ап камера

Xiaomi патентирал концепт на модуларен смартфон, содржејќи ги трите делови што може да се модифицираат како сакате. Според патентот, горниот модул ќе ги содржи задните камери и модулот за сензорите, а ќе го има и процесорот, RAM меморијата и внатрешната меморија на телефонот. Средниот модул ќе биде само батерија, а долниот модул ќе биде за USB портот за полнење и звучникот.

Рендерите изработени од LetsGoDigital демонстрираат како би можел да изгледа телефонот. На рендерите гледаме темно син Xiaomi уред со три модули, а има и различни типови на дизајнот на камерата. Имаме три различни модули, со тоа што едниот има хоризонтална четворна камера и другиот има правоаголна тројна камера.