Нови технологии заради кои нашата храна останува подолго свежа во фрижидер

Објавено на 18.05.2021 во Новости



Нови технологии заради кои нашата храна останува подолго свежа во фрижидер

Колку пати во ѓубрето сте фрлиле неискористена храна на која и истекол рокот или го сменила нејзиниот вкус и структура, само затоа што сте ја заборавиле или не сте ја забележале во мноштвото други намирници во фрижидерот? Лошата организација на фрижидерот и неправилното чување на храната не само што чинат повеќе пари отколку што тоа е нормално, туку претставува и еден од главните виновници за создавање на загрижувачка количина на отпад од храна. Агенцијата за храна и земјоделство на Обединетите нации предупредува дека кога храната што завршува како отпад би била држава, таа би била на трето место во светот според количината на емисии на стакленички гасови.  

Организацијата е половина работа 

Со добра организација на фрижидерот, го намалувате процентот на храна со истечен рок на траење. За подобра прегледност, потребно е да следите неколку совети. Искуството вели дека горните полици на фрижидерот се идеални за складирање храна што може да се конзумира веднаш, средните нивоа пак се најоптимални за чување млечни производи, додека долните се резервирани за месо и риба. Страничните прегради се сметаат за најпогодни за намирниците што ги користите најчесто - сосови, сокови или зачини.   

Создавањето зони внатре во фрижидерот ви помага не само побрзо да забележите што има во него, туку и да избегнете вкрстена контаминација на храната. Несоодветното мешање на храна што произведува етилен и оние кои се осетливи на него, како што се аспарагус, зелена салата или брокула, може да доведе до предвремено зреење, па дури и гниење. Таквата чувствителна храна мора да се чува на соодветен начин. Samsung RB7300 фрижидерот има Optimal Fresh+ прергада што може да се подели во две зони со различни температури, додека дополнителната Humidity Fresh+ фиока овозможува да ја прилагодите оптималната влажност во преградата и со тоа да ја задржите подолго свежината особено на чувствителното овошје и зеленчук. 

Потпрете се на новите технологии 

Можеби од постарите генерации ја наследивме навиката храната да ја складираме најгоре во фрижидерот за подобро да се излади, сепак, производителите на фрижидери денес дизајнираат технологии за ладење така што температурата на фрижидерот е рамномерна на сите нивоа, оставајќи ни можност да го искористиме максимумот од секој агол на фрижидерот. Samsung RB7300 моделот на фрижидер со помош на All-Around Cooling технологијата и внимателно дизајнираните отвори за вентилација овозможува рамномерно ладење во сите делови и обезбедува целосно и рамномерно ладење на храната на сите седум нивоа на полици, трошејќи помалку енергија. No Frost технологијата спречува формирање на мраз и ја елиминира потребата за одмрзнување на фрижидерот во текот на топлите месеци.

Не ги дуплирајте продуктите 

Иако звучи очигледно, спонтаните набавки на намирници без претходно подготвена листа се главниот виновник за преоптоварување на фрижидерот и фрлањето храна. Истражувањето од компанијата Samsung спроведено на европско ниво покажува дека дури 48 проценти од купените намирници завршуваат во корпи за отпадоци. Затоа, пред да одите на шопинг, одвојте време добро да разгледате што веќе има во вашиот фрижидер, за да не ги дуплирате предметите. А, не е доволен површен поглед на содржината на фрижидерот, туку навистина детален преглед на храната што сте ја оставиле на дното или на посебните прегради. Овој едноставен потег ќе заштеди пари, ќе придонесе за поефикасно управување со расположливиот простор и ќе направи нешто добро за планетата.  

Samsung No Frost фрижидерите во моментов се со посебен попуст до 25%, со пет години гаранција (2 години гаранција од фабрика + 3 години дополнителна гаранција). Промоцијата трае за одбрани фрижидери купени до 30 јуни 2021 година. 

За повеќе информации посетете ја: https://www.samsung.com/mk/offer/cooling-promo-2021/

Автор: Aleksandar Stankov