Научник развива безжичен полнач за електрични возила вграден во патиштата

Објавено на 19.05.2021 во Новости



Научник развива безжичен полнач за електрични возила вграден во патиштата

Концептот за полнење на електричните возила со полначи вградени во патиштата е смислен со цел да не се губи време при полнењето на возилата. На тој начин не би се креирало и сообраќајни радици пред станиците за полнење. Така ќе можете да возите и цел ден без сопирање.

Според YouTube каналот на Универзитетот Корнел, Африди открил начин за безжично полнење на електричното возило од тлото. За да функционира таквото полнење, на тлото би се вградиле метали што ќе реагираат и креираат осцилаторно енергетско поле за создавање на електрична енергија со високи фреквенции, што резултираат со електрично напојување што се пренесува директно до батериите на електричното возило.