Пандемијата повторно го одложи IFA 2021 во Берлин

Објавено на 19.05.2021 во Новости



Пандемијата повторно го одложи IFA 2021 во Берлин

Месе Берлин и Consumer & Home Electronics заеднички обелоденија дека IFA 2021 нема да се одржи во септември како физички настан во живо како што првично беше планирано поради лошите бројки со пандемијата на КОВИД-19.

„Иновациите имаат потреба од платформа, потребен им е фокус од глобалното внимание. Затоа, брендовите и производителите ширум технолошката индустрија многу сакаа да дојдат на ИФА Берлин 2021 година. За жал, најновите случувања во јавното здравство воведоа преголем ризик во планирањето на сите за настанот“, изјави Каи Хилебрант, претседател на Надзорниот одбор на Consumer & Home Electronics GmbH.

Месе Берлин и натаму ќе се користи како центар за вакцинација против корона вирусот. Исто така бројните нови мутации, како и бавната имунизација на населението во многу земји низ светот придонесе настанот во септември да биде откажан со надежи дека физички ќе се одржи во 2022 година.

Автор: Aleksandar Stankov