Со Android 12 директно ќе менувате компромитирани лозинки

Објавено на 19.05.2021 во Новости



Со Android 12  директно ќе менувате компромитирани лозинки

Google претстави повеќе новитети за заштита и поголема сигурно на корисниците за сервисите и сајтовите кои ги пристапуваат со логирање преку корисничка сметка и лозинка.

Во новата верзија на оперативниот систем Android 12 корисниците ќе добијат поп-ап известување за компромитирана лозинка и преку тоа копче ќе може веднаш да ја променат наместо да прават дополнителни проверки кои може да одземат време.