Microsoft се пишмани за Windows X за уреди со двоен екран

Објавено на 19.05.2021 во Новости



Microsoft се пишмани за Windows X за уреди со двоен екран

Microsoft се откажа о идејата за лансирање на посебен оперативен систем Windows X оперативен систем наменет за уреди со двоен или флексибилен екран како најавениот Surface Duo хибриден смартфон/таблет.

Наместо да пристигне како посебен систем Windows X ќе биде интегриран во официјалната верзија на Windows 10 со повеќе новитети за внес на команди, пишување текст и навигација.

Ваквиот потег можеби укажува на фактот дека Microsoft нема доверба дека категоријата на уреди со двоен и флексибилен екран имаат иднина, или пак можеби е пред промашување на уште една мобилна револуција.

Автор: Aleksandar Stankov