GSMA со Huawei, Еricsson, Nokia и ZTE имаат за цел опсег од 6GHz

Објавено на 20.05.2021 во Новости



GSMA со Huawei, Еricsson, Nokia и ZTE имаат за цел опсег од 6GHz

Максималната брзина на 5G мрежата сепак зависат од пристапот и спектарот од средниот опсег. Рековме веќе дека почетниот опсег на 5G мрежата е краток, па како нова технологија на долг рок, мора да се креира поголем капацитет со опсегот. За таа цел треба да се зголеми мрежата на 6GHz. Спектарот на опсегот од 6GHz изнесува од 5925 до 7125MHz, кој што овозможува широчина на опсег што овозможува достапна конекција за 5G општеството.

GSMA (Глобалниот систем за мобилни комуникации) ги здружи силите со со Ericsson, Huawei, Nokia и ZTE, и соопшти дека многу се важни оние 6GHz за иднината на 5G технологијата: „6GHz опсегот е неопходен за мобилните оператори да обезбедат подобрена конекција за поголема социјална вклученост и да овозможат брзина при трансфер на податоци и капацитет потребен за смарт градовите, транспортот и фабриките.

Се проценува дека на 5G мрежите им е потребен 2GHz спектар од средниот опсег во текот на следната деценија, со цел да го искористат својот целосен потенцијал“.