Samsung Galaxy Z Roll би можел да излезе во 2022 со S Pen
Објавено на 20.05.2021 во Новости
За време на Display Week 2021, Samsung ја демонстрираше следната генерација на екрани со нова технологија. Компанијата објавила видео демо со мулти-преклопен мобилен дисплеј, 17-инчен преклопен екран и лизгачки телефон. Според извршниот директор JS Choi, последниве две се поблизу до претставување во иднина, отколку телефонот на одмотување (rollable).
Се разбира, нема да биде за неколку години, туку екранот на одмотување/замотување на Samsung би можел да излезе уште следната 2022 година. Името на овој модел би бил GALAXY Z Roll. Како и секогаш, Let's Go Digital објави слика со потенцијалниот изглед на идниот Galaxy Z Roll, кој се очекува со S Pen поддршка.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.